Пјатек за еден час постигна повеќе голови отколку Игуаин за 12 мечеви, Милан е во полуфинале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фановите на Милан имаат нов херој, Криштоф Пјатек вечерва против Наполи во Купот на Италија го имаше својот прв старт во дресот на „росонерите“ и веднаш ги освои симпатиите.

Напаѓачот со својот прв шут кон голот донесе водство од 1-0, а и неговиот втор урад во рамките на голот заврши во мрежата на Наполи за водство од 2-0 по само 27. минути игра на Сан Сиро.

Доколку се земе во предвид дека голгетерот одигра и дваесетина минути против Наполи во саботата во првенството, тој за помалку од еден час постигна повеќе голови отколку Гонзало Игуаин на последните 12 меча во дресот на Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани