По импресивните настапи во дресот на Џенова, Милан го купи Пјатек за 35 милиони евра со надеж дека добрата форма ќе ја пренесе и на Сан Сиро.
„За мене ова е чекор напред во кариерата. Се надевам дека ќе играм добро со Кутроне. Сакаме да дадеме многу голови заедно и се надевам се ќе биде добро. Можам да играм со уште еден напаѓач до мене“, вели Пјатек.
„Роден сум подготвен. Подготвен сум и сега и ќе дадам се за Милан да се врати во Лигата на шампионите. Ќе се борам за Милан“.
„Од мал бев фан на Милан и мој сон беше да играм тука. Голема чест за мене е што седам до легенди како Малдини и Леонардо“.
„Се надевам дека мојот талент ќе го покажувам во секој меч. Не можам многу да кажам тука, тоа што треба да го кажам е на теренот’.
„Напаѓач сум, сакам да постигнувам голови на секој натпревар, да работам напорно и ќе видиме што ќе се случува на теренот“.
„Отсекогаш сум верувал во себе. Сакав да покажам нешто добро во Серија А кога потпишав за Џенова. Но јас сум истата личност која беше и пред да дојде во Италија“.
„Убаво е да се игра на Сан Сиро, но мислам дека секогаш е најважно што се случува на теренот. Фокусиран сум на тоа и ќе направам се што можам за да го давам најдоброто и да постигнувам голови“.