65
Во својот прв старт како играч на Милан, Пјатек постигна два гола и им донесе победа на росонерите од 2-0 против Наполи.
Поранешниот соиграч на Пандев, зрачи од самодоверба по мечот со Наполи.
„Очекував ваква ноќ. Реков дека сум подготвен и дадов два гола, но ова е само старт“, изјави Пјатек.
„Двата гола беа одлични иако беа различни. Пред натпреварот зборував со Диего Лаксалт и Фабио Борини, им реков да ми даваат високи и долги топки бидејќи такви преферирам“.
„За вториот гол, требаше да одам на Кулибали, но добро поминав. Веќе размислувам за следниот меч со Рома и се надевам дека до тогаш уште повеќе ќе бидам воигран со моите соиграчи“.
„Се чувствував добро вечерва и беше фантастично да се игра на Сан Сиро“.