Пјатек ќе почека неколку дена за трансфер во Милан, во преговорите влегоа уште двајца играчи

by
1 минути читање

Криштоф Пјатек ќе
треба да почека уште неколку дена за да стане ново засилување на „росонерите“.
Полјакот неколку дена има договор со Милан за плата од 2 милиони евра по
сезона, но двата клуба се уште си немаат подадено рака.

Денеска Леонардо
се сретна со неговиот колега Џорџо Перинети, а потоа на состанокот се приклучи
и првиот човек на Џенова, Енрико Прециози. Се веруваше дека неговото присуство
е знак дека се комплетира трансферот, но денеска не падна конечен договор.

Како што
пренесуваат медиумите од Италија, во преговорите влегле уште двајца играчи.
Милан на Џенова и ги понудил Ален Халиловиќ и Андреа Бертолачи. Па популарнтие
„рособлу“ сега ќе треба да пронајдат заеднички јазик со нив.

Следниот состанок е закажан за почетокот на следната недела, и ќе се случи по
крајот на пресметката помеѓу Џенова и Милан (мечот се игра во понеделник во 15
часот) или во вторник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани