Пиши-бриши: Премиерлигата тргна важен дел од соопштението за Слот

by bojan
1 минути читање
Арне Слот

Премиерлигата го корегираше соопштението за црвениот картон на Арне Слот против Евертон, избришан е делот каде што стои дека тренерот на Ливерпул ќе добие два натпревари суспензија.

Арне Слот вчера беше исклучен по крајот на дербито помеѓу Евертон и Ливерпул, тренерот на „црвените“ му дофрли нешто на судијата Мајкл Оливер па веднаш доби црвен.

Премиерлигата попладнево испрати соопштение во кое стоеше дека Холанѓанецот употребил навредлив и злонамерен јазик, па затоа добил црвен картон и го чека два натпревари суспензија.

Сепак настана забуна откако Премиерлигата за брзо време го корегираше соопштението и го избриша параграфот во кој беше објаснето зошто Арне Слот бил исклучен.

Многумина се прашуваат зошто е повлечен еден ваков чекор, а како што пренесува БиБиСи, се работи за човечка грешка.

Од ФА за БиБиСи брифираат дека се уште не направиле анализа на извештајот на Мајкл Оливерпул и не е донесена никаква олдука.

ФА има рок од три дена да го стори тоа, па постојат шаси Арне Слот да биде на клупата на Ливерпул на натпреварот против Вулверхемптон во недела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани