Во Италија
пренесуваат дека Стефано Пиоли во текот на денов треба да има средба со
челниците на Милан околу можноста да го преземе кормилото на таа екипа, и
покрај одредените шпекулации дека во игра за таа позиција наводно бил и Жозе
Мурињо.
Милан се сврте
кон Пиоли откако претходно како прв избор се појави Лучијано Спалети, меѓутоа „Росонерите“
имаа проблем околу тоа да го договорат поранешниот тренер на Интер.
Проблемот околу
Спалети настана по фактот што Милан ќе треба да исплати обештетување до Интер,
клуб од каде Спалети се уште добива плата по отказот кој го доби на крајот од
минатата сезона.
„Газета дело
Спорт“ пренесе дека постојат позитивни сигнали помеѓу Милан и Пиоли, а
денешните преговори би можеле да бидат пресудни, а веднаш штом се потврди
отказот за Марко Џампаоло, „Росонерите“ би го назначиле 53 годишниот Пиоли, кој
има големо искуство во Серија А, откако претходно ги водеше екипите на Киево,
Болоња, Лацио, Интер и Фиорентина.
Пиоли за момент
ќе го пласираше Лацио во Лигата на шампионите во 2015. година, а беше во голема
мера пофален за тоа што го стори во Фиорентина, односно сочувањето на
обединетоста во тимот по трагичната смрт на капитенот Давиде Астори ланската
година.