Неверојатна чест: Фудбалот во Аргентина ќе запре за повлекувањето на Меси од репрезентацијата!

by Стефан
1 минути читање

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, официјално се прости од дресот на репрезентацијата на Аргентина.

Својата одлука ја соопшти преку Инстаграм, нешто повеќе од еден месец откако „гаучосите“ во финалето на Светското првенство во 2026 година беа поразени од Шпанија по продолженијата. Иако прошталното писмо го подготвил веднаш по финалето, неодамнешната смрт на неговиот татко Хорхе дополнително го зацврстила во намерата да стави крај на репрезентативната кариера.

Во знак на благодарност за сè што му даде на својата татковина, Фудбалскиот сојуз на Аргентина одлучи да му приреди несекојдневна почест. Сите натпревари од осмото коло во сите натпреварувачки категории, вклучувајќи го и женскиот фудбал, футсалот и фудбалот на песок, накратко ќе бидат прекинати во десеттата минута од првото полувреме.

Симболично, прекинот ќе трае точно една минута, во која со громогласен аплауз ќе му биде оддадена почит на легендарната аргентинска „десетка“.

Меси дебитираше за сениорската репрезентација на Аргентина во 2005 година, а во меѓувреме стана апсолутен рекордер со 207 настапи, 125 голови и 68 асистенции.

Круна на неговата неверојатна репрезентативна кариера беше освојувањето на Светското првенство во Катар во 2022 година. Во својата богата колекција додаде и две титули од Копа Америка, како и трофејот во Финалисима.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×