Милан беше значително подобар тим од Рома и го контролираше натпреварот до самиот финиш. А тогаш волчицата со два гола од прекини успеа да израмни и да се спаси од пораз.
Израмнувачкиот погодок беше по нафрлување на Пелегрини од слободен удар кој го изнуди Пауло Дибала.
„Способноста на Дибала постојано да бара фаул им се исплатеше. Им дадовме надеж и им дозволивме да се вратат во натпреварот. Знаевме дека прекините се нивната силна страна, но им дозволивме да го направат тоа“, вели Пиоли.
„Штета е што не победивме натпревар во кој игравме добро, натпреварите обично траат 95 минути и кога знаете дека вашиот противник е опасен од прекини, треба да обрнете внимание на тоа“.
„Разочарани сме, заслуживме да победиме, а не победивме“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.