Пиоли му ја најде омилената позиција на Леао

by
2 минути читање

Милан синоќа со 1-0 го победи Торино, росонерите конечно не примија гол. Новата формација на Пиоли, со мали измени, можеби почна да функционира.

Како и на мечот со Интер, Пиоли играше со тројца дефанзивци и против Торино, но овојпат во формација 3-4-2-1 наместо 3-5-2 со која излезе во миланското дерби.

Жиру беше единствен истурен напаѓач, а Леао и Дијаз беа од двете страни блиску до него.

„Леао е чуден играч. Отсекогаш мислев дека ако го ставам на крило, тоа ќе биде идеална позиција за него. Сега се обидовме со 3-4-2-1 и сакавме тој да биде поцентрален и поблиску до напаѓачот, ми рече дека тоа било неговата омилена позиција! Беше многу среќен што играше таму“, откри Пиоли.

Во претходните два меча Леао почнуваше од клупата, па неговата нова позиција може позитивно да влијае на преговорите за нов договор кои се во тек.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани