Српскиот селектор Драган Стојковиќ денеска го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите со Албанија и Андора во квалификациите за Светското првенство кое наредната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексоко.
На списокот на Пикси и овој пат го немаше Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а српскиот селектор беше директен во одговорот зошто не е на списокот.
„Разговаравме мислам пет пати. Последниот разговор го имавме по крајот од Лигата на Нации. Тогаш ми кажа дека не е психички подготвен. Додека сум јас селектор, повеќе нема да биде повикан. Мислам дека нема смисла повеќе да се губи време дали играл или не играл. И понатаму го ценам, но после пет разговори веќе не би требало да се зборува на оваа тема. Ќе повторам дека нема никаква врска со мене или расправија, би ги замолил луѓето да не прават непотребни прикиазни. Немам желба и енергија да убедувам некого“, изјави Пикси.
На 7 јуни Србија ќе гостува кај Албанија во Тирана, додека три дена подоцна во Лесковац ќе бидат домаќини на Андора.
Фото: ФСС