Петнаесет минути „штама“, а потоа навивачите на Милан со песна и порака: „Кардинале, те молиме – замини“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот натпревар меѓу Милан и Лацио на „Сан Сиро“ не тргна во препознатливата атмосфера како секој друг на овој стадион.

„Росонерите“ од првата минута ја немаа поддршката на навивачката група „Курва Суд“ која во знак на револт влезе на мечот во 15. минута. Навивачите се лути поради односот на управата, лошите одлуки, но и односот на фудбалерите на теренот во клучни моменти сезонава.

Откако не беа на трибината, навивачите влегоа во 15. минута и тоа со песна и порака до сопственикот Гери Кардинале. „Курва Суд“ при влегувањето запеаја: „Кардинале, те молиме – замини“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани