Пеп: Во последните пет години Сити има најмалку расходи во однос на големата шестка во Англија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити оваа зима потроши сам двојно повеќе пари од сите англиски клубови заедно. И покрај тоа финансиите се балансирани, а токму на оваа тема зборуваше Пеп Гвардиола.

Шпанецот посочи дека во однос на продажба, купување, приход и расход, Сити котира најдобро од големата шестка во Англија.

Во последните пет години, според расходите сме на дното во топ шест екипите на Англија. Дури и со потрошените пари оваа зима, ние сме далеку од Челси, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотнем и Ливерпул. Причината за такво нешто е дека ние и продававме во последните сезони. На крајот, секој клуб може да прави што сака, нели? Ако ние трошиме тоа е бидејќи имаме пари. Парите се тука бидејќи во последните години иако освојувавме многу, пак сме последни во големата шестка“, изјави Гвардиола.

И покрај зборовите на Гвардиола, Сити ризикува сериозна казна и чека пресуда за 115 прекршоци на Финансискиот фер плеј. Казната може да биде ригорозна, па зборовите на Пеп може да паднат во вода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани