Пеп е бесен дека се појави информацијата за негово заминување од Сити!

by riste
1 минути читање

Во текот на вчерашниот ден во англиските медиуми излезе информацијата дека Пеп Гвардиола заминува од Манчестер Сити по крајот на сезоната.

Оваа вест е точна, но Пеп Гвардиола бил бесен затоа што таа излегува сега кога неговиот тим води важна битка за титулата во Премиер лигата.

Пеп им ја кажал одлуката на сопствениците и неколку луѓе во доверба, па не очекувал дека таа по некаков пат ќе стигне до медиумите.

Фудбалерите биле изненадени кога дознале за неговото заминува и атмосферата во соблекувалната била драматична.

Гвардиола ги повикал фудбалерите, им кажал дека навистина заминува и им се извинил затоа што на таков начин дознале дека тој си оди од клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×