Пелегрини за Клоп: Навикнат е да победува со голови од офсајд

by
2 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Вест Хем, Мануел Пелегрини по мечот со Ливерпул кој заврши со
реми 1-1 (головите – тука), посочи дека неговиот колега од спротивниот табор, Јирген Клоп е
навикнат да победува со голови од офсајд, откако единствениот гол кој го постигна
тимот од Енфилд беше по недозволена ситуација која судиите не ја видоа.

Освен што Милнер
беше во офсајд при асистенцијата до Мане, кој го отвори мечот на резултатски
план, во офсајд се најде и Ориги кој промаши доста добра шанса во финишот да
донесе победа за Ливерпул.

Веројатно добрите
познавачи на фудбалот се уште се сеќаваат на онаа Малага која нудеше преубав
фудбал за око, а истата беше предводена токму од Пелегрини, но, во
четвртфиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2012/13 беше поразена од
Борусија Дортмунд чиј тренер тогаш беше Клоп. Во една драматична завршница,
Бундеслигашот тогаш славеше со неверојатен пресврт од 3-2, со два гола во
судиското продолжение, а победничкиот гол беше постигнат при четворица
фудбалери на Борусија кои беа во офсајд.

Клоп е навикнат
да победува со голови од офсајд
“ рече Пелегрини по ремито со Ливерпул.

Тој ме победи
кога ја предводев Малага со гол од седум метри во офсајд, со тоа, тој не може
ништо да објаснува за вакви работи
“ заклучи Чилеанецот потсетувајќи се на тоа
што се случи пред шест години.

По последниот
судиски свиреж тие имаа една конверзација која доста ги заинтересира љубителите
на фудбалот на каква тема разговараа, извесно е дека Пелегрини му посочи на
Клоп дека нивниот гол беше постигнат при офсајд од два метри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани