Вест Хем вечерва
на домашен терен го пречекува Ливерпул во последниот меч од 25 коло во
Премиерлигата, Манчестер Сити славеше над Арсенал со 3-1, а моментално ја
намали разликата со лидерот Ливерпул на минус два бода, па очајно ќе посакува
изненадување вечерва.
Дека Вест Хем
може да го изненади Ливерпул, нема никакви дилеми, а тимот на Јирген Клоп веќе
потфрли претходното коло откако киксна против Лестер, одигра 1-1 на домашен
терен, а вечерва дефинитивно нема да биде лесно во Лондон.
Мануел Пелегрини,
шефот на стручниот штаб на Вест Хем вели дека доколку неговиот тим обезбеди поволен
резултат против лидерот вечерва најпрво ќе биде среќен за својата екипа, а
потоа и за Манчестер Сити, клуб, чиј навивач е самиот тој, а претходно истиот
тим го предводеше од клупата.
„Би бил многу
среќен најпрво за овој клуб, бидејќи потребни ни се добри перформанси против
лидерот“ рече шефот на стручниот штаб на Вест Хем, кој притоа ја додаде и
втората причина поради која сака победа над Ливерпул.
„Потоа, доколку
би можеле да му подадеме рака на Манчестер Сити, тоа не е наш проблем, но, јас
сум навивач на Манчестер Сити“ заклучи Пелегрини.