64
Горан Пандев
влезе во одбрана друштво, Македонецот стана само вториот активен странец
(вкупно шестиот) со 400 натпревари во Серија А. Напаѓачот денеска одигра 45
минути против Фросиноне и стана дел од историјата во Калчото
Од активните
играчи кои не се од Италија, само Самир Хандановиќ може да се пофали со 400+
натпревари.
Горан Пандев, кој
речиси целата своја кариера ја помина на „чизмата“ се наоѓа на 66-та позиција на
вечната листа во Серија А, и до крајот на сезоната може да влезе во топ 50
фудбалери по бројот на настапи.
Тој се обиде да
го прослаив овој голем јубилеј со погодок и три бода, се трудеше да ја затресе
мрежата на гостите, но Фросиноне храбро се бранеше и се избори за 0-0.