Пандев: Што да разговарам со Сејдини, кога не разбира ништо за фудбал!

by
2 минути читање

Пандев одамна е во војна со ФФМ, постојано го критикува раководството, а недоразбирањата кои ги имаат нема да се надминат. Нашиот најдобар фудбалер на сите времиња вели дека не може да разговара со Сејдини бидејќи тој не разбира фудбал.

„Односите се катастрофално лоши. Јас и пред Европското првенство кажував што мислам за ФФМ, дека организацијата е катастрофа… Ние отидовме на Европско со стари дресови десет години, мене од Италија ми бараа дресови, не знаев што да им кажам. Маркетингот ужас. Мислев со пласманот ќе се сменат многу работи, дека ќе се инвестира во развој, ама ништо… Сѐ за лични интереси, нас во Прва лига ни се откажува клуб пред почеток на сезона. Како да зборувам со човек кој не разбира фудбал? Едноставно не разбира. Никако не ми е сфатливо, никој од легендите како Митко Стојковски, Дарко Панчев, Милко и Бошко Ѓуровски, Чеде Јаневскии…, ама баш никој да не е во ФФМ“, рече Пандев.

Горан Пандев се откажа од репрезентацијата во периодот од 2014 до 2016, а причина за тоа биле „менаџерските шеми“ кои се случувале.

„Јас плачев за Македонија, а гледав што се сѐ случува. Гледаш менаџери работат, нешто што никогаш не можев да прифатам, дека мора некој да игра за да биде продаден. Како може тоа да го гарантираш. Десет пати зборував со претседателот, да играат најдобрите, ама сѐ беше хаос. Тотална катастрофа, ништо не функционираше, секој циклус нов селектор, а во еден циклус играа 50 фудбалери. Ние Италија ли сме? Mи велеа – ти само одработи го своето. Но, не можев и тоа откажување ми беше најтешката одлука во животот. После се сменија некои работи, прв Љубинко Друловиќ ме бараше да се вратам, но не бев подготвен, а потоа по разговорот со Игор Ангеловски се вратив. Се вратив зашто почнаа да ги почитуваат А-репрезентативците, зашто претходно менувавме по четири авиони. Едноставно мора да се почитуваат играчите, па почнавме да одиме со чартери. Јас претходно не можев по четири дена да се соземам, додека играв во Лацио, Делио Роси ми велеше: ‘Ти после настап за Македонија, цел месец не може да дојдеш при себе’“, додаде Пандев.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×