Пандев се сеќава: Балотели го фрли дресот на терен, па соиграчите од Интер тргнаа да го тепаат – се сокри во ВЦ

by
1 минути читање

Во времето кога Горан Пандев отиде во Интер, клубот од Милано имаше двајца проблематични фудбалери, Балотели и Арнаутовиќ.

„Тие двајца не играа многу бидејќи правеа проблеми. Беа млади, главата им беше поразлична, но беа исклучително квалитетни и заслужуваа да бидат во Интер. За среќа, Мурињо тогаш имаше играчи како што беа Матераци и Занети. Балотели и Арнаутовиќ имаа проблематични карактери, па уште и заедно… Мислам дека беше во Лига на шампиони, дали беше против Челси. Балотели го фрли дресот на терен, па соиграчите го бркаа да го тепаат, тој избега, се сокри во ВЦ. Не знам точно на кој меч беше“, се сеќава Пандев.

Целото интервју на Пандев можете да го прочитате на овој ЛИНК.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×