Горан Пандев очекува полн стадион и покрај лошата форма во која игра нашата репрезентација. Тој на Италијанците им вели дека имаме играчи кои можат да ги натераат да страдаат во Скопје.
„Нѐ чека комплициран натпревар, но нема што да загубиме, стадионот ќе биде полн за „аѕурите“. Ако имаме вистинска вечер како во Палермо, може да ве натераме да страдате. Навивачите дури и да се лути, ќе помогнат на нашата репрезентација“, вели Пандев.
Тој издвои четворица кои можат да им ги расипат математиките на Италијанците.
„Барди кој играше во Леванте, а сега во Трабзонспор ќе биде капитен. Елмас го знаете, може да блесне на секој меч. Многу ми се допаѓа Миовски на кого многу добро му оди во Шкотска. Тука е и Трајковски кој сепак нема клуб во моментов“.
Пандев смета дека Лучано Спалети е вистинскиот човек за селектор на Италија.
„Спалети ми изгледа како вистинскиот човек за селектор. Го познавам многу добро, добар човек е. Направи Наполи да игра прекрасно. Среќен сум за Скудетото, за градот во кој имам многу пријатели и за Елмас“.
Македонецот кариерата ја заврши во Парма заедно со Буфон кој сега е назначен за помошник на Спалети и ќе биде дел од натпреварот.
„Џиџи е икона, еден од најголемите во светот. Гравина направи вистински избор со тоа што го внесе во стручниот штаб на италијанската репрезентација. Буфон е паметен, ќе го сподели своето искуство и ќе им помогне на помладите. Додека бевме заедно често се шегувавме. Знаете ли што ми рече за плејофот во Палермо? „Ваков натпревар се случува еднаш на сто години, победивте со еден шут на голот“. Му реков: Да, како Манчини што победува“, заврши Пандев.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.