Пандев одигра 20 минути во ремито на Џенова кај Специја (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Екипата на Џенова
одигра 1-1 на гостински терен кај Специја во рамките на десетото коло од
италијанската Серија А, а мрежите на обете страни мируваа на полувремето.

Домаќинот поведе
со автоголот на Сиригу во 66 минута, а Џенова израмни со голот на Кришито од
пенал во 86 минута.

Нашиот 38 годишен
интернационалец Горан Пандев во игра на мечот влезе во 70 минута на местото на
Калон во момент кога Џенова имаше негатива.

Со само седум
освоени бода од десет одиграни натпревари во новата сезона, Џенова е на 18
место на табелата, односно во делот за испаѓање од елитното друштво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани