160
38 годишниот
македонски интернационалец Горан Пандев претстојната завршна полусезона ќе ја
одигра во дресот на италијанскиот второлигаш Парма, откако потпиша шест месечен
договор со „Млекарите“.
Поранешниот
македонски капитен го одбра и бројот кој ќе го носи на својот дрес во Парма, а
тоа е бројот „27“, кој инаку го нема носено цели 12 години, или поточно, со
истиот играше во дресот на Интер по трансферот од Лацио во 2010 година.
Како за
потсетување, со бројот „27“ Струмичанецот ги освои сите можни трофеи со „Нероаѕурите“,
вклучително и Лигата на шампионите.
