Пандев: Мечот меѓу Италија и Македонија е посебен за мене, но нема да одам во Рим!

by
1 минути читање

Во петок Италија ја пречекува Македонија во квалификациски меч за ЕП. На Италијанците им се неопходни бодовите, а ние сме таму да се обидеме повторно да им ги расипеме сметките.

Горан Пандев безмалку цела кариера ја помина во Италија, па напоменува дека ова ќе биде посебен меч за него, но не сака да прогнозира.

„Ќе го гледам мечот на ТВ, нема да бидам во Рим. Тоа е посебен натпревар за мене, па нема да давам прогнози“, вели Пандев за „Кориере дело Спорт“.

„Во моментов водам клуб кој го купив во Македонија. Не мислам дека ќе станам тренер. Сакам само да уживам со моето семејство, нешто што не можев да го правам претходно. Можеби ќе учам за да бидам директор“.

Горан Пандев работеше во Наполи со Валтер Мацари, па смета дека тој е вистинското решение за тренер на тимот.

„Наполи се на десет бода зад Јувентус и Интер, што е многу, но сигурен сум дека со Мацари ќе бидат во топ четири и ќе бидат на високо ниво во ЛШ и Купот на Италија. Наполи има одличен состав, има многу талентирани фудбалери, не можам ни да одлучам кој ми е омилен“, вели Пандев.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×