Според Пандев, фудбалот во Македонија е катастрофа, да би можел да го врати времето тој би вложувал само во младински фудбал, не би имал клуб кој игра во првата лига како што е Академија Пандев.
„Во ФФМ работат луѓе кои не ги интересира фудбал. Бевме на Европско првенство, но ништо не искористивме од тоа, ниту маркетинг, спонзори… Кај нас се случува екипите да го откажуваат учеството во лигите на недела дена пред почетокот на сезоната. Тоа навистина е срамота. Луѓето гледаат само лични интереси. Жал ми е и се надевам дека нема пак да чекаме 30 години да се пласираме на некое натпреварување, но мислам дека со овие луѓе сме на лош пат. Не е проблем А репрезентацијата колку што се проблем младите селекции во кои играат деца кои не заслужуваат. Услоците за игра се катастрофални“, вели Пандев во интервјуто за „Моцарт“.
„Немам амбиција да бидам претседател на федерацијата. Но сакам нашиот фудбал да се спаси од овие актуелни луѓе. Тоа се погрешни луѓе. Имам свој клуб во Македонија, направив спортски центар, сакам да ги вложувам своите пари и да помагам во младите категории… Но кога работиш со вакви луѓе, мораш да се тргнеш на страна. Има и други спортисти кои му мислат добро на фудбалот, но кај нас премногу е влезена политиката“.
„Искрено, кога би се вратил 10-15 години назад, не би вложувал на ист начин… Не би вложувал во прв тим, туку само во млади категории. Нашата лига е катастрофа. Немаш никаква помош од федерацијата, никаков маркетинг, цените на играчите се смешни… Федерацијата потпишува договор за ТВ права, а клубовите не добиваат ништо. Но, што можеш… Ќе продолжиме, ќе се бориме и ќе чекаме вистински луѓе. Нашата лига е црнило и катастрофа“.
Целото интервју со Горан Пандев можете да го прочитате на овој ЛИНК.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.