Пандев: Имаме уште шанси за СП, но последните резултати беа разочарувачки

by
1 минути читање

Во првите три меча откако Горан Пандев не е во репрезентацијата, Македонија ремизираше. Немаме победи, немаме ни порази, но впечаток е дека требаше да собереме повеќе бодови. 

Сепак, математиката вели дека се уште сме во игра за второто место и шансите не се само теоретски, туку и реални, но за да ги одржиме најпрво потребна е победа вечерва против Лихтенштајн.

„Сигурно дека постојат уште шанси за второто место и за бараж за Светско првенство. Секако дека последните резултати беа разочарувачки и шансите доста ни се намалија, веројатно и неискуството на селекторот си го направи своето и од можните девет бода, кои беа реални да ги освоиме со овој тим што го имаме, ние одигравме само три нерешени и освоивме три. Меѓутоа мислам дека сè уште работите зависат од нас и со четири бода од овие два меча ќе имаме големи шанси за второто место“, изјави Пандев заштитното лице на Видеолотарија Касинос Австрија.

Горан Пандев беше дел од историската победа на Македонија над Германија во Дуисбург. Тој верува дека и без него имаме шанси да се израдуваме уште еднаш.

„Сигурно дека имаме сили да направиме уште еден голем резултат против Германија. Треба само да одиграме тактички многу мудро, како на првиот натпревар, во Дуисбург, да изгинат сите на терен до последниот атом и кога ќе ни се пружи и најмала шанса треба да ја искористиме. Само така можеме до позитивен резултат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани