Пандев: Елмас е нашиот најдобар фудбалер, ќе ни недостасува

by
1 минути читање

Горан Пандев верува во Македонија, верува дека можеме да направиме чудо, но знае дека предност за Италијаните ќе биде неиграњето на Елмас.

„Елмас е клучен за нас, тој е нашиот најдобар фудбалер, исто така тој многу добро ги знае италијанските фудбалери, па ќе ни недостасува“, вели Горан Пандев за „Газета дело Спорт“.

Но, Пандев вели дека наша предност ќе биде тоа што нема да играат Бонучи и Кјелини.

„Тие цел живот играат заедно и се познаваат многу добро, доколку тие не играат, тоа ќе биде голема предност за нас. Но Италија има и други добри дефанзивци. Навистина ми се допаѓа Бастони“.

Пандев вели дека македонските фудбалери ќе се обидат да ги направат луѓето во Македонија среќни.

„Пред мечот против Грузија за пласман на Европското првенство, се погледнавме меѓусебе и си рековме: само ние можеме да промениме нешто и да ги направиме луѓето среќни. Момците кои сега се во Италија ќе го направат истото“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани