Пандев даде гол, асистираше и се повреди

by
0 минути читање

Парма губеше на свој терен од Порденоне, Горан Пандев влезе во игра на почетокот од вториот дел и по само десет минути игра го постигна својот првенец за новиот клуб и израмни на 1-1.

Веднаш потоа Пандев запиша и асистенција откако додаде до Ман кој реализираше за комплетен пресврт и водство на Парма од 2-1.

За жал македонскиот фудбалер го напушти мечот во 71. минута поради болки во грбот. Допрва ќе се знае за колку тешка повреда станува збор.

Парма победи со 4-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×