Падна договор: Карвахал повторно ќе игра во Мадрид!

by Стефан
1 минути читање

Дани Карвахал е пред потпис со Гетафе. Долгогодишниот десен бек на Реал Мадрид веќе ги поминал лекарските прегледи, а претседателот на шпанскиот клуб, Анхел Торес, потврдил дека клубот и играчот постигнале договор. За официјалната потврда на трансферот сега се чека уште само зелено светло од Ла Лига.

„Играчот веќе го помина лекарскиот преглед кај нас и договорот меѓу страните е постигнат. Сега останува само Ла Лига и клубот да постигнат договор“, изјави Торес.

Гетафе мора да ги реши административните услови поврзани со регистрацијата на играчот, по што Карвахал би требало да биде претставен како нов член на тимот. Карвахал е слободен играч откако на 30 јуни му истече договорот со Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, важна улога во неговото доаѓање имал тренерот Хозе Бордалас, кој лично го контактирал и му ја претставил својата идеја.

На Карвахал му одговара и можноста да ја продолжи кариерата во околината на Мадрид, каде што го помина речиси целиот свој фудбалски живот. Шпанскиот бек за првиот тим на Реал Мадрид настапуваше од 2013 година, со исклучок на една сезона претходно помината во Баер Леверкузен. Со мадридскиот клуб освои шест титули во Лигата на шампионите, а со Шпанија во 2024 година стана европски шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×