Барселона добива големо засилување, и тоа беспари?!

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува весникот Спорт, Жоао Феликс сака да се врати на Камп Ноу, и Барса нема да треба да плати ништо за услугите на Португалецот.

Жоао Феликс летото во 2025 реши да се пресели во Саудиска Арабија, му се придружи на својот сонародник Кристијано Роналдо во Ал Наср.

Потегот се покажа како исправен, офанзивниот фудбалер полека се враќа во препознатлива форма, но тоа значи и желба повторно да игра во Европа.

Заедно со својот агент Жорж Мендеш, веќе бараат клуб од Лигата на шампиони и на врвот на неговите желби е Барселона.

Жорж Мендеш веќе ги информирал „каталонците“, и ги известил дека летоска ќе можат беспари да го ангажираат Жоао Феликс.

Барселона во моментов е добро покриена во офанзивниот дел, но Жоао Феликс би можел да биде интересна опција бидејќи би пристигнал без обештетување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×