Повторно измени во почетниот тим, Седлоски тргнува офанзивно со Швајцарија! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот во Луцерн против Швајцарија во кој избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе се обидат конечно да ја прекинат црната низа од седум натпревари без гол, но и да дојдеме до првиот позитивен резултат по трите порази во овој циклус од Лигата на Нации.

Марио Младеновски и Себастијан Херера кои беа во комбинација за претходните натпревари за вечерва се надвор од составот. Во тимот повторно е Езѓан Алиоски кој е во почетните 11.

Формацијата со која ќе играме вечерва е 4-2-3-1, а најистурен во нападот ќе биде Растодер, додека зад него ќе бидат Дориев, Митровски и Барди.

Македонија(4-2-3-1): Димитриевски; Стојчевски, Зајков, Муслиу, Алиоски; Елези, Митровски; Елмас, Барди, Дориев; Растодер:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×