Кенан Јилдиз е фудбалер кој веќе подолго време е исклучително интересен за Реал Мадрид.
Според информациите од Шпанија, „кралевите“ ги поставиле приоритетите за следниот преоден рок, а токму турскиот фудбалер е прв на листата на најголеми желби за летото 2027 година.
Уште во наредните месеци се очекува Реал Мадрид да направи конкретен потег. Инаку, Чаби Алонсо прв го посакуваше овој фудбалер, уште во зимскиот преоден рок во 2025 година, а сега со Мурињо на клупата шпанскиот гигант е подготвен да тргне во посериозна акција.
Во целата ситуација клучна улога ќе има ставот на Јувентус. Јилдиз е во центарот на проектот за создавање нов тим, има договор до 2030 година и веројатно би требало да биде најголемата ѕвезда на тимот во наредните години доколку остане во Торино.
Сепак, доколку Јувентус не успее да се пласира во Лигата на шампионите, сето тоа би можело да се промени. Реал Мадрид, секако, би бил подготвен да плати сериозна сума над 100 милиони евра.
Интересно е што ситуацијата со Јилдиз ја следат и Арсенал и Баерн Минхен, кои исто така би можеле поконкретно да се распрашуваат за неговата ситуација во наредните месеци.
Кога станува збор за Јувентус, на крајот сè ќе зависи од случувањата на теренот.