Како што објави „Токспорт“, Џеј Џеј Габриел го одбил Челси, големиот талент на Манчестер јунајтед ги известил „сините“ дека сака да ја продолжи кариерата во некој европски гигант.
Џеј Џеј Габриел важи за најголемиот талент во школата на Манчестер јунајтед, често е споредуван со Лео Меси, но минатиот месец ги шокираше „ѓаволите“ откако достави барање за раскин на регистрацијата.
И покрај тоа што Манчестер јунајтед се обиде да ја смири ситуацијата и да ги надмине недоразбирањата, семејството на момчето е цврсто решено Џеј Џеј Габриел да го напушти „Олд Трафорд“.
Џеј Џеј Габриел денес полни 16 години, се говори дека тој има ирски пасош, наскоро ќе добие и кипарски, па тоа му отвара можност за трансфер во клуб од Европската унија, и се верува дека токму тоа е целта.
Како што објави „Токспорт“, Челси доставил понуда, но Џеј Џеј Габриел ги одбил „сините“ со образложение дека сака кариерата да ја продолжи во некој европски гигант.
Во моментов, Реал Мадрид и Барселона се сметаат за фаворити во трката за потписот на Џеј Џеј Габриел, а во игра се и ПСЖ и Баерн Минхен.
Па големи се шансите Манчестер јунајтед да остане без огромен талент и тоа само за 300.000 фунти, се шпекулира дека тоа е сумата која ќе треба да биде платена за Џеј Џеј Габриел да ја промени средината.