Озил: Сакав да потпишам за Барса, но Пеп Гвардиола…

by
2 минути читање

По одличните
настапи на мундијалот во 2010, на адреса на Месут Озил пристигнале понуди од
најголемите клубови во Европа.

„Арсенал,
Манчестер јунајтед, Баерн Минхен, Барселона и Реал Мадрид беа заинтересирани за
мене
– открива Германецот во својоата автобиографија.

„Мојот советник
се сретна со лидерите на Баерн. Тие му објаснија кои си нивните планови за
мене, која ќе биде мојата улога. Потоа го имаше истиот разговор и со сите
останати клубови
.

„Бев привлечен од
идејата да играм за Барселона, и навалував кон одлука да го одберам клубот од
Камп Ноу. Ниту еден тим во светот не играше поубав фудбал од нив
.

„Но тренерот Пеп
Гвардиола не беше присутен на состанокот. Почнав да се сомневам поради неговото
отсуство
.

„Кога со
советникот се враќавме од Барселона, постојано го прашував, „Зошто тренерот не
беше таму?“ Тој ми даваше еден ист одговор, „Пеп е на одмор“
.

„Гвардиола не ми
се јави ниту следниот ден. Не ми пиша ниту СМС. Не ми испрати ниту еден сигнал
дека ме сака“.

„По ваквиот
развој на настаните, почна да ми се намалува ентузијазмот за трансфер во Барса
.

„Поради
однесувањето на Гвардиола не се преселив на Камп Ноу
.

„Во исто време,
Мурињо неуморно се бореше да ме ангажира. Беше убедлив, зборуваше од срце, се
трудеше напорно. Се однесуваше сосема спротивно од тренерот на Барселона
.

„Па на крај го
избрав Мурињо и Реал Мадрид
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани