Озил потврди: Ќе играм на Мундијалот

by
1 минути читање

Месут Озил не
беше во комбинација за настап во редовите на Арсенал во домашната победа над
Барнли со 5-0 во Премиерлигата, се постави и прашањето дали тој би бил
подготвен за настап на Светското првенство кое идниот месец се игра во Русија.

Фудбалерот на
Арсенал е убеден дека до стартот на Мундијалот ќе биде подготвен за настап на
големото фудбалско светско натпреварување.

Жал ми е што го
пропуштив мечот против Барнли поради повреда. Сепак, потребен ми е мал период
за да се посветам на рехабилитацијата за да бидам подготвен за настап на
Светското првенство, сигурен сум дека до тогаш ќе бидам подготвен
“ нагласи Озил
во својата порака на социјалните мрежи.

Ми беше чест да
играм за тебе, Арсен. Ти благодарам за сите заеднички спомени кои заедно ги
имавме направено
“ додаде тој во однос на Арсен Венгер, кој имаше проштален
говор на арената Емирејтс пред стартот на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани