Отворен нов фронт во истрагата за финансиски малверзации во Јувентус, еден трансфер е особено сомнителен

by
1 минути читање

Според пишувањата
на Ла Република, се отвара нов фронт во истрагата за финансиски малверзаии во
Јувентус. Се истражуваат тајни (приватни) договори на „старата дама“ со други
клубови како Удинезе и Аталанта.

Под лупа е
трансферот на Роландо Мандрагора, кој во 2018 го напушти Јувентус и се пресели во
Удинезе во зделка вредна 20 милиони евра, од оваа операција, „бјанконерите“ забележале
капитална добивка од околу 13,7 милиони евра.

Две години
подоцна, Јувентус си го купи назад Роландо Мандрагора за 10 милиони евра, плус
додатни 6 милиони евра во бонуси и веќе следниот ден го испрати на позајмица во
Удине.

Обвинителството смета
дека имало премолчена обврска Јувентус да го врати Италијанецот во своите
редови па истражителите разговарале со самиот Роландо Мандрагора, неговиот
татко и со потпретседателот на Удинезе, Стафано Кампоча.

Исто така постои
сомнеж и за тајни (приватни) договори со Аталанта кои не биле прикажани во финансиските
извештаи. Обврската за купување назад не била во документацијата доставена до
Серија А и се однесувала на Федерико Матиело (4 милиони евра), Симоне Мураторе
(4 милиони евра), Матија Калдара (3,5 милиони евра) и Кристијан Ромеро (3
милиони евра).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани