Откриено што му кажал четвртиот судија на Мурињо за тренерот на Рома да збесне (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Кремонезе синоќа ја
забележа првата победа во Серија А оваа сезона откако со 2-1 славеше против
Рома, но по крајот на натпреварот во фокусот беше инцидентот на стартот од
вториот дел кога Жозе Мурињо заработи црвен картон и беше испратен на трибини.

„Специјалниот“ се
пожали дека бил навреден од четвртиот судија и размислува да го тужи. За целата
ситуација да биде поделикатна, судијата Марко Сера е од Торино и следен
противник на „волчицата“ е Јувентус.

Медиумите од Италија
сега откриваат што се случувало покрај аут линијата. Се започнало со еден дуел
помеѓу Кумбула и Тсаџу, Жозе Мурињо побарал објаснување од четвртиот судија
Марко Сера но добил само навреда, „Гледај си ја твојата е*ана работа…“

Португалецот збеснале
од ваквиот одговор на четвртиот судија и настанала мешаница.

Откако главниот
судија му покажа црвен картон на Жозе Мурињо и го испрати на трибини, Марко
Сера продолжил со зајадливите коментари и му порачал на тренерот на Рома: „Сега
сите ќе те исмеваат, ајде оди си дома, оди си дома“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани