Барселона има солидна предност во Ла Лига, но „каталонците“ се мачат во Европа, по елиминацијата во Лигата на шампионите, оваа недела доживеаја елиминација и во Лига Европа.
Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чави и Жоан Лапрта разговарале за новиот неуспех на летот од Манчестер до Барселона.
Тренерот му објаснил на претседателот како се надигрувале со топ тим од Европа и пружили добра борба на двата меча, но во исто време го известил дека не се сложени сите коцки за Барса да биде помеѓу врвот во Европа.
Чави смета дека овој состав на Барса не е кадарен да ги освои стите титули во сезоната и посочил кои се недостатоците, односно тоа што немаат класичен десен бек во составот и на таа позиција принудно играат други играчи.
Исто така, Чави се пожалил дека нема на располагање соодветни замени за Серхио Бускетс и Роберт Левандовски.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.