Откриено како Алегри му соопштил на тимот дека си заминува, и што порачал Роналдо

by
1 минути читање

„Старата дама“
следната сезона ќе има нов тренер и покрај тоа што Макс Алегри имаше валиден
договор за 2019/20. Тренерот и лидерите на клубот оваа недела три пати се
сретнаа да разговараат за иднината, не беа на иста бранова должина па решија да
се разделат.

Медиумите од
Италија сега пренесуваат како Макс Алегри му кажал на тимот дека заминува.
Спортмедиаст вели дека тренерот ги повикал играчите, персоналот,
физиотерапевтите, докторите и економот на средба во теретаната.

Тој најпрво им
рекол, „Во недела ќе биде последниот меч на Барзаљи“ а потоа додал „и мој
исто така
“.

Спортмедиасет
вели дека Кристијано Роналдо бил еден од фудбалерите кои реагирале и ЦР7
дофрлил, „Во недела играме за Алегри“.

Јувентус во
недела ја пречекува Аталанта, натпревар на кој домаќините ќе треба да
парадираат пред својата публика со новото освоено Скудето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани