Од Шпанија уште
минатата недела најавија дека талентираниот фудбалер од средниот ред ќе
пристигне на Сантијаго Бернабеу во јануари, а медиумите од „Островото“ сега ги
открија деталите од зделката.
Голем број на
весници пишуваат дека Реал Мадрид и Манчестер Сити си подале рака за трансфер
вреден 15,5 милиони фунти, или нешто над 17 милиони евра, како и бонуси во
износ од 6,5 милиони фунти, или нешто над 7 милиони евра, бројки далеку
повисоки од она што се говореше во прв момент.
„Граѓаните“ исто
така ќе добијат и 15% од следната продажба, а вметнале и клаузула со која треба
да спречат евентуален трансфер на талентираниот Шпанец во редовите на лутиот
градски ривал Манчестер јунајтед.
Доколку Реал реши
да го продаде Брахим Диаз на „ѓаволите“, дури 40% од сумата ќе легне на
сметките на Манчестер Сити.
Се очекува во
скоро време да пристигне и официјална иформација. Брахим Диаз треба да се
обврзе кон „кралевите“ до јуни 2025.