Низ медиумите од Италија се појавуваат првите детали за најавениот трансфер на Гонсало Рамош на Сан Сиро, се говори дека зделката е вредна околу 55 милиони евра сосе бонуси.
Попладнево, новинарот Џејмс Хорнцасл го најави Гонсало Рамош за прво засилување на Рубен Аморим.
Тој не откри суми, но пренесе дека Португалецот ќе биде најскапото засилување во историјата на Милан, и јасна порака на „росонерите“ за амбициите на клубот.
Низ медиумите од Италија сега се појавуваат првите детали, Даниеле Лонго од Калчомеркато обајви дека зделката е вредна околу 55 милиони евра сосе бонуси.
Исто така се говори дека Гонсало Рамош веќе ги поминал редовните лекарски прегледи во Флорида, каде е кампот на Португалија на Светското првенство.
ФОТО: X/Paris Saint-Germain