Новиот сопственик
на Челси, Тод Боли го одврза ќесето како никој претходно, „сините“ потрошија
околу 600 милиони фунти во летниот и зимскиот преоден рок.
По огромните
инвестиции, ќе следи чистка на „Стемфорд Бриџ“, листата на фудбалери кои имаат
неизвесна иднина е многу долга, има и играчи кои пристигнаа пред само шест
месеци.
Понуди ќе се
разгледуваат за Пјер Емерик Обамејанг, Хаким Зијеш, Кристијан Пулишиќ, Матео
Ковачиќ, Нголо Канте, Конор Галакер, Рубен
Лофтус Чик, Калиду Кулибали и Марк Кукуреља.
Останува да се
види дали Интер ќе го ангажира Ромелу Лукаку на нова позајмица, а дали Баер
Леверкузен ќе го задржи Калум Хадсон Одиу, кој сигурно нема да остане во Челси
и среќата ќе си ја побара во друг клуб.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.