Останувањето во Милан не е опција: Два клуба во битка за потписот на Жоао Феликс

by Стефан
2 минути читање

Португалскиот офанзивен фудбалер за врска, Жоао Феликс, кој во моментов е на позајмица во Милан од Челси, би можел летово да ја продолжи кариерата во редовите на бразилскиот Фламенго, пренесува новинарот Вене Касагранде.

Феликс не се вклопува во плановите на новиот тренер на Милан, Сержо Консеисао, кој исто така доаѓа од Португалија, и речиси е сигурно дека нема да остане во Серија А. Така, Јужна Америка се појавува како неочекувана, но можна дестинација за 25-годишниот фудбалер.

Спортскиот директор на Фламенго, Жозе Бота, има намера да го донесе Феликс како позајмен фудбалер со опција за откуп на договорот.

Бордот на директори на Фламенго го дефинираше профилот на засилувањата ,млади фудбалери со сериозно интернационално искуство и физички подготвени“, информира Касагранде.

Иако португалскиот весник „А Бола“ објави дека Фламенго веќе испратил конкретна понуда до Феликс, се наведува дека самиот фудбалерне размислува за преселба во Бразил во оваа фаза од кариерата. Сепак, јасно е и дека останувањето во Милан не е опција.

Бенфика, клубот во кој Феликс се афирмираше и ја освои наградата „Голден Бој“ во 2019 година, исто така го следи неговиот статус и би можела да се вмеша во борбата за неговиот потпис.

Феликс се приклучи на Челси како позајмен играч од Атлетико Мадрид, а англискиот клуб плати 45 милиони евра за откупот на договорот. Сепак, и во Лондон и во Милано не успеа да ја прикаже формата со која играше претходно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани