Осимен ја доби наградата за најдобар странски фудбалер на Наполи, а потоа на новинарите им зборуваше и за Елмас.
„Елмас е многу добро момче, голем човек. И тоа што го направи е извонредно. Само влезе во соблекувалната и разговаравме за ситуацијата во Турција, а тој се понуди да помогне. Елиф играше во Турција и сите ние веднаш ја прифативме идејата, веднаш дадовме поддршка. Навистина направи добра работа. Би сакал и сега да им изразам сочувство на сите кои ги загубија најблиските во катастрофата, моите мисли се со нив“, рече Осимен.
Елмас покрена иницијатива меѓу фудбалерите на Наполи, да ја искористат својата влијателност и да агитираат за помош за настраданите во земјотресот во Турција. Фудбалерите ставија свои дресови на аукција за да соберат пари.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.