Општинскиот сојуз не го поддржа, ама судиите од Кичево му дадоа поддршка на Масар Омерагиќ

by 24 фудбал
1 минути читање

Општинскиот фудбалски сојуз од Кичево е единствениот кој не го поддржа Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Само кичевчани од каде што доаѓа доскорешниот лидер на мак-фудбалот Муамед Сејдини единствени на 25-те општински Собранија не му изразија поддршка на Омерагиќ.

Тој ги свика судиите од ОФС Кичево во „Куќата на фудбалот“, а тие за разлика од сојузот застанаа зад Омерагиќ. Тие изразија задоволство за односот кон нив и посветеноста на ФФМ за подобрување на условите во фудбалот.

Очекувам од вас секогаш да судите со праведност и непристрасност. Со почит кон сите фудбалери, тренер и навивачи. Само со фер однос кон сите, можеме да ја зачуваме довербата во мак-фудбалот“, им посочи претседателот на судиите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани