Олисе со многу девојки на луксузна јахта на Карибите ги полни батериите за новата сезона (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Францускиот репрезентативец и фудбалер на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, летниот одмор го користи за заслужена пауза, а снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека максимално ужива по тешката сезона.

На видеото се гледа како Олисе се забавува на луксузна јахта во друштво на поголема група пријатели, главно девојки, додека се релаксира на островите Туркс и Каикос на Карибите.

Насмеан и расположен, 24-годишниот офанзивец танцува, се забавува и одмора далеку од фудбалските терени. Многу корисници на социјалните мрежи коментираа дека „максимално го користи својот одмор“ пред да се врати на клупските обврски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×