Олисе донесе победа за Франција против Белгија, Италија ја наполни мрежата на Турција!

by riste
1 минути читање

Франција со гол на Олисе во самиот финиш од натпреварот ја победи Белгија на нејзин терен со 1-0, Италија неочекувано убедливо со 4-1 славеше на гостувањето кај Турција во натпревари од Лигата на нации.

Натпреварот меѓу Белгија и Франција се одвиваше така што се очекуваше дека ќе заврши без голови, двете селекции никако не успеваа да дадат гол. Кога се мислеше дека така ќе заврши мечот, Олисе постигна убав гол во 88. минута кој значеше победа за Французите.

За разлика од овој меч во кој беше постигнат само еден гол, на дуелот меѓу Турција и Италија беа постигнати пет погодоци, а имаше и многу шанси.

Италијанците имаа фуриозно прво полувреме, со головите на Бастони, Фратези и Кајоде поведоа со 3-0.

На самиот старт од вториот дел Јилмаз намали на 1-3, но веднаш Италија ја врати предноста од три гол, Еспозито реализираше со глава за конечни 1-4.

Се играа натпревари и од Лига Б, од поинтересните, Босна и Херцеговина со 4-2 победи на гостувањето кај Романија, Шведска со 3-1 ја совлада Полска.

Во Лига Ц, Црна Гора со 3-2 победи на гостински терен кај Ерменија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×