По болниот пораз
од Емполи, Интер победи со 1-2 на гостувањето кај најлошиот тим во Серија А
оваа сезона.
Кремонезе најави
дека нема лесно да се предаде, Окереке во 11. минута донесе изненадувачко
водство, од работ на шеснаесетникот прекрасно погоди во аголот, двајца голмани
тешко дека ќе одбранеа.
Десет минути
подоцна, Лаутаро Мартинез изедначи на 1-1, Аргентинецот се најде на право место
и ја смести во мрежата одбиената топка по ударот на Џеко.
Пресвртот беше
комплетиран во 65. минута, Џеко одлично го проигра Лаутаро Мартинез, кој имаше
и среќа откако топката се одби од еден играч на Кремонезе и заврши во
мрежата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.