86
Иако важи за еден од најважните играчи на шпанската репрезентација, Микел Ојарзабал се најде во центарот на вниманието поради необичен статистички податок од натпреварот меѓу Шпанија и Зеленортски Острови на Светското првенство.
Напаѓачот на Шпанија во првите 30 минути од средбата не успеа ниту еднаш да дојде во контакт со топката, иако беше дел од стартниот состав на „црвената фурија“.
Со тоа Ојарзабал стана првиот фудбалер од 1966 година наваму кој во првите половина час од натпревар на Светско првенство останал без ниту еден допир со топката.