119
Зарате се враќа во Премиерлигата, Аргентинецот кој настапуваше за Бирмингем и Вест Хем сега ќе го носи дресот на Ватфорд.
„Со задоволство можеме да потврдиме дека потпишавме со аргентинскиот напаѓач Мауро Зарате“ – стои во соопштението на Ватфорд.
Поранешниот соиграч на Горан Пандев потпиша две и пол годишен договор со Ватфорд кој за овој трансфер плати нешто помалку од три милиони евра.
Зарате ќе го носи дресот со број 20.