3,1K
АЕК Ларнака потврди дека го продолжува договорот со Иван Тричковски до 2024 година.
Македонскиот фудбалер таму е од 2016 година и не се исклучува можноста таму да ја заврши и кариерата.
Тој е капитен на кипарскиот состав и најдобар стрелец во историјата на клубот, веќе има постигнато 119 голови, од кои 89 во кипарското првенство.