Официјално: Трајковски на позајмица во Алборг

by
1 минути читање

28 годишниот
македонски репрезентативец Александар Трајковски во новата сезона ќе настапува
како позајмен во редовите на четирикратниот дански првак Алборг, откако клубот
се договори со шпанскиот прволигаш Мајорка за услугите на Македонецот.

Алборг го потврди
ангажманот на Трајковски, а нешто порано на еден доста интересен начин го
најави Македонецот со тоа што на социјалните мрежи сподели неколку убави
погодоци на фудбалерот.

class="twitter-tweet">



pic.twitter.com/xkKmbBI6J4

Александар Трајковски е фудбалер кого ние го посакувавме нешто порано во
овој преоден рок, најпрво не успеавме, меѓутоа останавме упорни во обидите и на
крајот го добивме во нашиот тим, среќни сме што конечно се случи договорот,
како фудбалер, тој е доста вреден на теренот, има одлични дриблерски
способности, но и убав преглед на играта
“ рече Андре Олсен, спортскиот директор
на Алборг.

class="twitter-tweet">


pic.twitter.com/CKZlpdJs3j

Алборг новата сезона во данската „Суперлига“ ја стартуваше со три победи,
исто толку ремија, но и еден пораз, па така по седум одиграни кола се наоѓа на
петата позиција на табелата со пет бода заостанување зад лидерот Копенхаген (17).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×